Европската комисија позитивно го оцени планот за обновување и издржливост на Словенија, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на посетата на Словенија, која вчера го презеде претседателството со Советот на ЕУ. Европската комисија даде позитивна проценка на словенечкиот план за обновување вреден 2,5 милијарди евра, рече фон дер Лајан, наведувајќи: „Словенија го презема раководството на ЕУ во пресвртна точка за нашата Унија. Наш приоритет е брзо закрепнување“.
Словенечкото претседателство со ЕУ очекува преговори со Скопје и Тирана
Според планот одобрен од Брисел, Словенија ќе добие 2,5 милијарди евра во следните пет години (1,8 милијарди евра грантови и 705 милиони евра заеми). Словенија се очекува да ги добие првите 231 милиони евра на крајот на септември. Во сеопфатниот документ, Владата планира, меѓу другото, мерки за заштита од поплави, дигитално заживување на јавната администрација, поевтино домување. Урсула фон дер Лајен, беше во Словенија со европските комесари по повод преземањето на претседателството на ЕУ од страна на Словенија.