Руското МНР го повика чешкиот амбасадор за експлозијата во депо за муниција

Чешкиот амбасадор во Русија, Витезслав Пивонка

Руското Министерство за надворешни работи го повика чешкиот амбасадор во Русија, Витезслав Пивонка, откако Прага побара Москва да и исплати надомест за смртоносната експлозија во депо за муниција во Чешка во 2014 година.

Портпаролот на министерството, Марија Захарова денеска рече дека амбасадорот Пивонка ќе биде информиран за време на состанокот дека предлогот на Прага да разговара за прашањето за експлозијата во која загинаа двајца чешки државјани во селото Врбетице е „неприфатлив“.

Пред неколку дена Чесите го повикаа рускиот амбасадор Александар Змејевски да побара целосна компензација за експлозијата. Во април Чесите ја обвинија Москва дека е вмешана во експлозијата, при што од земјата беа протерани неколку руски дипломати. Слично одговори и Москва, која негираше каква било вмешаност во инцидентот.

Чесите соопштија дека во експлозијата учествувале два лица идентификувајќи ги како руски државјани кои исто така биле обвинети од Велика Британија дека биле вмешани во труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во 2018 година.