Се укинува роамингот во Западен Балкан

илустрација

Од денеска се укинува роамингот помеѓу Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. Тоа значи дека цените за СМС пораки и користените податоци на мобилните мрежи во националниот сообраќај ќе бидат идентични на територијата на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Од 1 јули без роаминг за Албанија, Косово, Србија, БиХ и Црна Гора

Ова дојде како резултат на преговори што траеја речиси една година, а кои беа олеснувани од Советот за регионална соработка и Европската унија, по што претставниците на владите на сите шест земји на Западен Балкан во април 2019 година потпишаа спогодба со која се согласија, прво постепено да ги намалат цените на роамингот, за потоа, тие да бидат укинати од 1 јули 2021 година. Најавено е земјите од Западен Балкан интензивно да работат на нула тарифи за роаминг и со земјите членки на ЕУ.