Кина ја одбележува 100 годишнината на Комунистичката партија

Кинеската комунистичка партија ја прославува 100-годишнината од нејзиното основање

Кинеската комунистичка партија денеска со патриотска екстраваганција ја прославува 100-годишнината од нејзиното основање на 1 јули 2021 година. Пораката од прославите ширум земјата е дека само Комунистичката партија може да ја врати Кина во она што Пекинг го смета за заслужено место како глобална сила. Додека голем дел од фокусот е насочен кон минатото, стогодишнината на партијата ќе има значителни последици за иднината на Кина. Прославите се посветени и највисокиот лидер на Кина, Си Џинпинг на кои е претставен како трансформативна фигура исто како Мао Це Тунг и Денг Ксијаопинг.

Долгот на Црна Гора кон Кина и кредибилитетот на ЕУ на Балканот

67 годишниот Џинпинг маневрира да остане на власт на неодредено време, обид што се чини дека зазеде поголема итност, со оглед на тоа што американскиот претседател Џо Бајден гради сојузи за да го ограничи влијанието на Пекинг. Кинеските официјални лица, користејќи го слоганот „Следи ја партијата засекогаш“, сакаат да ја покажат силата на Кина во светот уништен од пандемија и да го оправдаат сè посилното зафаќање на партијата со секојдневниот живот во Кина.