Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Европската народна партија побарал поддршка за македонските интеграции во ЕУ.
По завршувањето на политичкото собрание на Европската народна партија во Брисел, Мицкоски изјави дека премногу долго Македонија е заглавена во европската чекална, а власта на Заев преземала обврски кои не ги исполнува.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека со бугарското вето на македонскиот народ му е нанесена неправда, затоа што после толку години и успешни извештаи, ние сме уште во чекалницата и сме жртви на непринципиелни барања од страна на поедини земји членки на Европската унија. Тој е уверен дека македонскиот народ повеќе не е подготвен на дополнителни отстапки, а тоа е и пораката што ја испратил во Брисел.
„Сега треба Европа да си го испорача ветеното, а тоа е Македонија да почне со преговорите со Европската Унија. Не е тоа датум за Зоран Заев, датум за СДСМ, Бујар Османи и останатите, тоа е за граѓаните во нашата татковина и тие тоа го заслужуваат и тоа го заслужиле со своето однесување изминатите години“, изјави Мицкоски.
Мицкоски - Македонија треба да го продолжи патот кон ЕУ
Тој на маргините на собранието остварил средби со претседателот Пауло Рангел којшто доаѓа од сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ од Португалија, Дејвид Мекалистер којшто е претседавач со Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, но и со претседателот на Европската народна партија – Доналд Туск.