Белоруската опозиција отвора канцеларија во Прага

Светлана Циханускаја

Чешка се согласи во Прага да се отвори официјална канцеларија на белоруската опозиција, која се бори против белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко.

„Белоруската опозиција има и ќе има недвосмислена поддршка од Чешка“, напиша денеска на Твитер министерот за надворешни работи на Чешка, Јакуб Кулханек.

Изјавата на чешките власти уследи само неколку недели откако лидерката на белоруската опозиција Свјатлана Цихануаскаја ја посети Прага.

Опозицијата во Белорусија веќе има слични канцеларии во Литванија и Полска.

Режимот на Лукашенко е под меѓународен притисок откако започна брутална акција против политичката опозиција и независните медиуми по спорните избори во август 2020 година, по што уследија протести.

Според опозицијата изборите биле наместени и тие тврдат дека победник е нивниот кандидат.

ЕУ, САД и други земји одбија да ги признаат официјалните резултати од гласањето и сметаат дека Лукашенко не е легитимен лидер на земјата.