Шефот на израелската дипломатија Лапид во прва официјална посета на ОАЕ

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, во првата официјална министерска посета откако двете нации се согласија да ги нормализираат врските, соопшти во понеделникот неговиот кабинет. Израел и ОАЕ, заедно со Бахреин, ги нормализираа врските во септември, а еврејската држава исто така во минатата година се согласи да ги нормализира односите со уште две арапски нации, Мароко и Судан. Домаќин на неговата дводневна посета е министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Шеик Абдулах бин Зајед ал-Нахајан.

Рохани: Бахреин и ОАЕ ќе одговараат за договорот со Израел

Лапид е архитект на коалициската влада во Израел, која дојде на власт на 13 јуни, соборувајќи го долгогодишниот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој раководеше со минатогодишните договори за нормализација. Израелски министри и претходно ги посетија ОАЕ, но Лапид е првиот што е во официјална посета на таа земја. Во март, предвидената официјална премиерска посета на Обединетите Арапски Емирати од Нетанјаху беше откажана, според израелските власти, поради „спор“ со Јордан околу користењето на неговиот воздушен простор.

Косово со амбасада во Ерусалим, дали Србија ќе ја премести од Тел Авив?

Нетанјаху кој како премиер беше заменет од еврејскиот националист Нафтали Бенет во новата израелска влада - веќе ја одложи посетата на ОАЕ и Бахреин во февруари, поради ограничувањата на патувањето воведени за запирање на пандемијата на коронавирусот. Лапид ќе ја отвори израелската амбасада во Абу Даби, како и генералниот конзулат на Израел во Дубаи.