Досегашните искуства со делта варијантата на коронавирусот во Израел и во Велика Британија покажуваат дека 95 отсто од сите заболени се во категорија на невакцинирани или вакцинирани со една доза, изјави денеска д-р Драган Даниловски на трибина насловена „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.
„И вакцинираните со две дози не се дефинитивно сто проценти заштитени во заразување, видовме информација од Уругвај дека стапката на заштита од Фајзер е 78 отсто во стекнување на вирусот, но има 22 проценти ризик да се зарази и со две дози вакцина, процентите се слични и во други земји“, вели Данаиловски наведувајќи дека „најважно е што сите вакцини нема да дозволат тешки симптоми и умирање од вирусот.“
На трибинати дискутираше и д-р Александар Петличковски кој рече дека достапните студии покажуваат дека имунитетот стекнат со прележување на болеста или со целосно вакцинирање е прилично ефикасен.
„Немам видено сериозни студии со многу испитаници што ќе пресметаат и ќе укажат колкав процент од заболените навистина имале прележано претходно, но очекувам тој процент да биде многу мал, односно под пет проценти“, вели Петличковски.
Петличковски додава дека ефикасноста се мери на неколку нивоа, односно дека прво е инфективноста на делта варијантата кон прележани или имунизирани лица, второ е тешка болест и трето е исход од болеста.
Како што вели, за тешките форми на вирусот и хоспитализација е јасно дека имунитетот во голем дел штити од повторна зараза.