Американскиот државен секретар Ентони Бликен и италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Луиџи Ди Маио ќе бидат ко-домаќини на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на глобалната коалиција против екстремистичката група Исламска држава за да разговараат за напорите во кампањата за постигнување на трајна победа врз ИД. Министрите ќе разговараат за начините за одржување притисок врз остатоците на Исламската држава во Ирак и Сирија и за спротивставување на нејзините мрежи на други места во светот, особено во Африка.
Исламската држава ја презеде одговорноста за смртоносниот напад во Мозамбик
Тие исто така ќе ги проценат приоритетите за напорите на Коалицијата во врска со стабилизацијата, странските терористички борци, финансирањето против ИД. Глобалната коалиција со 83 земји, чија водечка членка е САД, останува непоколеблива во својата посветеност кон трајниот и глобален пораз на ИД.