САД и Украина предводат воена вежба на Црно Море во која учествуваат 32 земји

Неколкудневна мултинационална поморска вежба предводена од САД во Црното Море

Денеска почнува годишната мултинационална поморска вежба предводена од САД во Црното Море, која ќе трае до 10 јули. Како и претходните, и годинава оваа вежба ќе ја организираат САД и Украина, а таа вклучува акции и од воздух и на копно.

Русија ги отфрли критиките за одлуката за ограничување на пловидбата близу Крим

На вежбата учествуваат 32 земји од шест континенти: Албанија, Австралија, Бразил, Велика Британија, Бугарија, Канада, Данска, Египет, Естонија, Франција, Грузија, Грција, Израел, Италија, Јапонија, Летонија, Литванија, Молдавија, Мароко, Норвешка, Пакистан, Полска, Романија, Сенегал, Шпанија, Јужна Кореја, Шведска, Тунис, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати и САД. Сите се членки или партнери на НАТО, освен Бразил и Сенегал. Во воената вежба ќе учествуваат 5.000 војници, 32 брода, 40 авиони и 18 специјални операции и тимови за нуркање.