Германската канцеларка Ангела Меркел ја прими втората доза на вакцината Модерна против Ковид 19, иако како прва доза ја прими Астра Зенека, соопшти нејзината канцеларија.
„Потврдуваме дека г-ѓа Меркел прими втора доза на вакцина и дека е тоа е од Модерна“, изјавија за АФП од Кабинетот на Меркел.
66-годишната канцеларка ја прими првата доза на вакцина Астра Зенека на 16 април, откако привремено беше прекината нејзината употреба во Германија поради тврдењата дека предизвикува згрутчување на крвта.
Видете и ова:
Ковид-пасошот само за по домаСепак, АстраЗенека се врати во употреба за оние над 60 години, а потоа беше примена од германските политички лидери, вклучувајќи го и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.
Некои земји, вклучително и Германија, избраа да им дадат на граѓаните втора доза на Фајзер или АстраЗенека, иако прва доза добиле АстраЗенека.