Германија уапси руски истражувач во германски универзитет поради сомнение за шпионажа

Германските власти соопштија дека уапсиле руски државјанин осомничен за давање сензитивни информации од германски универзитет на Москва за што добивал пари.

Осомничениот, идентификуван како Илнур Н. Е се смета дека работел со руските тајни служби од октомври 2020 година досега, се наведува во денешното соопштение на Федералниот јавен обвинител. Во него се наведува и дека тој е однесен во притвор на 18 јуни.

Осомничениот работел како асистент истражувач за научни и технички работи на универзитет во Германија, а се сретнал со член на руските тајни служби најмалку три пати во период од октомври 2020 до јуни 2021 година, наведуваат од обвинителството. Од таму додаваат дека на најмалку два состанока дал информации за што добил пари.