Нуклеарката Бушер во Иран привремено не работи поради дефект

Нуклеарната централа Бушер на југот на Иран

Нуклеарната централа Бушер на југот на Иран е привремено затворена по технички „дефект“, објави доцна синоќа иранската организација за атомска енергија. „По технички дефект, централата во Бушер е привремено затворена и централата е исклучена од националната електрична мрежа“, велат од организацијата што управува со нуклеарната централа во земјата, но не ги прецизира деталите за дефектот. Се додава дека по отстранувањето на дефектот, електраната повторно ќе се поврзе со националната електрична мрежа.

Два силни земјотреси го погодија Иран

Бушер се наоѓа во Персискиот Залив и е поблиску до градовите на неколку соседни земји отколку од Техеран. Нуклеарката е изградена во зона склона кон земјотреси и ги загрижува овие држави. Областа беше погодена од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала во април. Централата во Бушер, со реактор од 1.000 мегавати, е изградена со помош на Русија.