Словенците од денеска имаат можност да изберат со која вакцина против ковид-19 ќе се вакцинираат. Тоа деновиве го најави словенечкиот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека клучната цел е да се постигне таква стапка на вакцинација што ќе обезбеди имунитет и нормален живот не само во лето, туку и во есен, рече Јанша, повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.
Њујорк Тајмс: Словенечкиот премиер ја следи тактиката на Трамп
Во Словенија, се користат вакцините на Модерна и Фајзер, како и Астра Зенека и Џонсон и Џонсон. Според официјалните податоци, 28,2 проценти од населението во Словенија досега биле вакцинирани со дозите потребни за целосна имунизација, а 797.861 само со прва доза.