Ерменија пред нова криза по вонредните парламентарни избори

Премиерот Никол Пашинијан гласа на избирачко место во Ереван, 20 јуни 2021 година.

Ерменија е на прагот на обновување на политичката криза откако вршителот на должноста премиер, Никол Пашинијан, објави дека победил на предвремените избори, додека главниот опозициски сојуз ги отфрли резултатите поради наводен изборен фалсификат. Прелиминарните резултати од вчерашните избори покажаа дека со пребројувањето на скоро три четвртини од местата, партијата Граѓански договор на Пашинијан водеше со 55,6 проценти од гласовите, додека Алијансата на Ерменија на поранешниот претседател Роберт Кочаријан имаше 20 проценти.

Ерменскиот премиер поднесе оставка за да има избори во јуни

„Граѓаните во Ерменија ѝ дадоа мандат на нашата партија Граѓански договор да ја води земјата, а јас лично да ја водам земјата како премиер“, објави Пашинијан. Неколку моменти подоцна, алијансата на Кочаријан соопшти дека нема да ги признае резултатите се додека не се решат наводните неправилности во гласањето. „Стотици сигнали од избирачките места што сведочат за организирани и планирани фалсификати служат како сериозна причина за недостаток на доверба“, се вели во соопштението на блокот. Предвремените парламентарни избори распишани од премиерот Никола Пашинијан поради незадоволството на граѓаните по поразот на Ерменија во конфликтот со Азербејџан во врска со Нагорно Карабах.