Најмалку 18 лица загинале во сообраќајна несреќа во Пакистан

Лошите патишта во Јужна Азија и непочитувањето на безбедноста се причина за највисоките стапки на несреќи во светот.

Полицијата во Пакистан соопшти дека автобус што превезувал верници се превртел на автопат во југозападна област на провинцијата Балучистан, при што загинале најмалку 18 лица, а десетици други биле повредени.
Властите соопштија дека возачот изгубил контрола при нагло свртување. Локалните медиуми објавија дека некои од над 30 повредени во несреќата се во критична состојба во болницата во Куздар.

Автобуска несреќа во Пакистан, најмалку 14 загинати

Лошите патишта во Јужна Азија и непочитувањето на безбедноста се причина за највисоките стапки на несреќи во светот.