Северен тек 2 почнува да се полни

Во тек се работите за поставување цевки за втората линија на Северен тек 2

Рускиот гасовод Северен тек 2 денеска ќе започне со полнење на првата линија со природен гас, соопшти Гаспром. Наведено е дека се уште се во тек работите за поставување цевки за втората линија на Северен тек 2. Против овој гасовод се САД и бараат да биде запрен за да не се дојде во ситуација Германија да биде зависна од рускиот гас, односно тој да биде злоупотребен за политички цели на Кремљ.

Блинкен: администрацијата на Бајден е против „Северен тек 2“

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека гасоводот е против интересите на Европската унија и го предупреди Берлин за можни санкции во врска со проектот. Деновиве беше објавено дека Вашингтон и Берлин преговараат за решавање на недоразбирањата со гасоводот, кој оди под Балтичко море, а со тоа се заобиколува снабдувањето на Европа преку територијата на Украина.