Во болниците во земјава се лекуваат 121 ковид пациенти

илустрација, пациент болен од ковид 19

Министерството за здравство соопшти дека вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава е 121 и има околу 500 празни болнички кревети.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје има хоспитализирани тројца нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 48 лица.

Кризната состојба продолжена до крајот на годинава

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, се наведува во соопштението од министерството.