Денеска пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Вакцините, посочува министерот, во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.
„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас“, напиша Филипче.
Премиерот Зоран Заев и министерот Филипче пред четири дена беа во посета на Турција и се сретнаа со Ердоган, кој им ветил донација во вакцини.