Русин убил двајца извршители кои дошле да му ја земат куќата

Илустрација

Маж во рускиот туристички град Сочи застрелал двајца извршители кои се обидувале да го истераат него и неговото семејство од нивниот дом.
Полициските власти во Сочи за агенција Интерфакс изјавиле дека двајцата извршители отишле да го иселат семејството, оти имале судска одлука за тоа.

Но, мажот, кој требало да го иселат, земал ловечка пушка и смртно ги застрелал извршителите. Медиумите јавуваат дека мажот е приведен и дека полицијата работи на расветлување на случајот.