Никола Јокиќ – најкорисен играч во НБА

Кошаркарот на Денвер Нагетс, српскиот репрезентативец Никола Јокиќ

Кошаркарот на Денвер Нагетс, српскиот репрезентативец Никола Јокиќ ноќеска е прогласен за најкорисен играч (МВП) во НБА лигата.

Јокиќ е првиот кошаркар од Србија кој е добитник на ова големо признание во најсилната кошаркарска лига во светот и трет Европеец кој го добива ова признание по Германецот Дирк Новицки и Гркот со нигериско потекло Јанис Адетокумбо.

Денвер во 2014 година го избра Јокиќ како 41 пик на драфтот и со тоа српскиот центар е најслабо рангиран играч од драфтот кој ја добил наградата за најкорисен играч.

Во гласањето Јокиќ добил 971 поени, втор бил Џоел Ембид од Филаделфија со 586, а трети Стефен Кари од Голден Стејт со 453 поени.

Во својата шеста сезона во НБА лигата, Јокиќ ги одигра сите 72 натпревари во кои на паркетот во просек поминуваше по скоро 35 милиони. На секој натпревар просечно постигнуваше по над 26 поени, скоро 11 скока, 8,4 асистенции и 1,32 украдени топки.

Јокиќ е единствениот играч кој беше стартер на сите натпревари во последните две сезони. Со него, Денвер оваа сезона оствари 47 победи и 25 порази и се пласираше во плејофот.