Во планиран напад со камионет во Канада убиени четири члена на муслиманско семејство

Луѓе оставаат цвеќе на местото на нападот во Канада

Четири члена на муслиманско семејство во јужен Онтарио настрадаа, додека петтиот член – дете, е повредено во планиран напад со камионет, мотивиран од омраза, соопшти денеска канадската полиција.

Осомничениот дваесетгодишник бил уапсен брзо по нападот и бил обвинет за убиство со предумисла и за обид за убиство.

„Има докази дека се работело за смислен и планиран чин, мотивиран од омраза. Веруваме дека жртвите биле мета зашто биле муслимани“, изјави полицискиот инспектор Пол Вајт и додаде дека нападот се случил во неделата вечер.

Според неговите зборови, полицијата ги прегледале објавите на социјалните мрежи на напаѓачот, идентификуван како Натаниел Велтман.

Пет члена на семејството во неделата чекале да поминат на крстосница, кога камионетот влетал во нив.

Имињата на жртвите не се откриваат, но станува збор за луѓе кои имале 15, 44, 46 и 74 години. Во нападот било повредено и 10-годишно дете кое сега е на болничко лекување.