Министерот за здравство Венко Филипче објави дека денеска пристигнале нови 12.870 дози од вакцината Фајзер против ковид-19.
Филипче на Фејсбук објави дека станува збор за вакцини обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“.
Заклучно со 06.06.2021 вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.