Меѓународната конференција на трудот ќе ја одржи својата 109-та сесија виртуелно, за прв пат во изминатите 102 години. Првиот дел од конференцијата ќе се одржи од 7 до 19 јуни, а ќе учествуваат повеќе од 4.000 делегати, владини претставници, работници и работодавци од 187 земји-членки на МОТ. Оваа сесија требаше да се одржи во 2020 година, но беше одложена за оваа година поради пандемијата. Сесијата на МОТ ќе биде отворена денеска од претседателот на Швајцарија, земјата домаќин, и ќе биде презентирана на самиот почеток од Гај Рајдер, генерален директор на Меѓународната организација на трудот.
Годинава ништо од измените на законот за предвремено пензионирање
За време на конференцијата, ќе се одржи самит „Меѓународна акција како одговор на ковид-19“ со шефовите на држави, што вклучува панел дискусија со претставници на работодавачи и работници. Меѓународна организација на трудот е основана во 1919 година на Мировната конференција во Версај, со што се стави крај на Првата светска војна. Од 1946 година, МОТ стана првата специјализирана агенција на Обединетите нации што промовира социјална правда и меѓународно признати човекови и работнички права.