Европратениците ќе гласаат за дигиталниот ковид сертификат

Европскиот парламент

Европскиот парламент на пленарната седница која почнува денеска во Стразбур треба да го даде своето последно одобрување на дигиталниот ковид сертификат, за олеснување патувањето во ЕУ за време на пандемијата и за закрепнување на економијата. Сертификатот ќе докаже дека имателот е вакциниран, се опоравил од вирусот или неодамна имал негативен тест. Дебатата за ова прашање ќе се одржи утре, а гласањето е в среда. Европратениците ќе гласаат и за тоа дали ЕУ треба да побара од Светската трговска организација да се откаже од правата на интелектуална сопственост за вакцините против ковид-19, по дебатата што се одржа за време на мајската сесија.

Министерството за здравство се приклучува кон мрежата за дигитални сертификати за Ковид-19

Европарламентот ќе расправа и за реакциите на ЕУ откако Белорусија принуди авион на Рајанер да слета во Минск, а белорускиот новинар Раман Пратасевич и неговата девојка беа уапсени од белоруските власти. Резолуцијата ќе биде ставена на гласање в четврток.

Кинески универзитет во Унгарија, Орбан се поблиску до Пекинг

На дебатата в среда, европратениците треба да го покренат прашањето за намалување на почитувањето на владеењето на правото во неколку земји-членки и да инсистираат на итна потреба за примена на новите правила за условување на владеењето на правото за заштита на буџетот на ЕУ. Парламентот ќе расправа за заклучоците на специјалниот состанок на Европскиот совет што се одржа на 24 и 25 мај, опфаќајќи прашања како што се напорите за вакцинација од ковид-19 низ цела Европа и теми за надворешната политика, вклучувајќи ги и односите со Британија.