Времето денеска: променливо облачно

Ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Дневната температура ќе биде од 18 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 25 степени.