МВР растурило забава во Скопје, приведени 14 луѓе

Полициска кола во Скопје

По претходна пријава и врз основа на судска наредба полицајци од СВР околу четири часот утрово извршиле контрола во домот во кој престојува В.М.(24) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. При контролата, освен В.М., биле затекнати уште 13 лица, три полнолетни и десет малолетници на возраст од 16 и 17 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.