Бајден - нема сомнеж во одлучноста на САД да ги брани демократските вредности

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема сомнеж во одлучноста на САД да ги брани демократските вредности на самитот со претседателот на Русија Владимир Путин.

Бајден ова го напиша во колумна за американскиот весник Вашингтон пост, а пред средбата со неговиот руски колега која треба да се одржи на 16 јуни во швајцарскиот град Женева. Американскиот претседател наведува и дека пред состанокот ќе дискутира со партнерите и сојузниците „кои го гледаат светот на ист начин како САД.

Неговиот текст следува ден откако Путин со конфронтациски тон рече дека Вашингтон се обидува да ја контролира Русија и да влијае врз нејзината внатрешна политика.