ЕУ забранува пристап за белоруските авиопревозници

Илустрација

ЕУ ги зајакна рестриктивните мерки против Белорусија со воведување забрана за прелетување на воздушниот простор и пристап до аеродромите во Унијата на белоруски превозници како одговор на присилното пренасочување на патнички лет на Рајанер во Минск минатиот месец и апсењето на новинарот Раман Пратасевич.

„Од 27-те земји-членки ќе биде „потребно да одбијат дозвола за слетување, полетување или прелетување на нивните територии кон кој било авион управуван од белоруски авиопревозници“, соопшти ЕУ.

Неколку членки на ЕУ веќе спроведоа ваква забрана. Белорускиот национален авиопревозник Белавија спроведува летови помеѓу Белорусија и дваесетина аеродроми во Европа. Забраната вклучува и рекламирање на превозници, кои продаваат места во авиони управувани од друга авиокомпанија.

ЕУ објави серија казнени мерки откако Белорусија со борбен авион го принуди авионот Рајанер да слета во Минск при што властите го уапсија активистот и новинар Раман Пратасевич и неговата девојка Софија Сапега.