Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 38 пациенти, а пријавени се вкупно 7 починати лица, од кои 2 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Тетово, Кичево, Кавадарци и Кочани. Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.