Вчера се вакцинирале 6.521 граѓани

Вакцинација против ковид-19 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера биле вакцинирани вкупно 243.832 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.249 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 369.661 дози вакцини, а ревакцинирани се 125.829 граѓани, информира министерството за здравство.

Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, дообјаснуваат од оваа институција.

Нови 19 случаи на ковид-19, 26 оздравени и шест починати

Според МЗ, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 438.879 граѓани.