Нови 19 случаи на ковид-19, 26 оздравени и шест починати

Во последните 24 часа регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19, од направени 2.456 тестирања, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 5 нови случаи, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.

Регистрирани се 26 оздравени пациенти.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г).
Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057.