Изгаснат блогот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го изгаси блогот на кој се огласување откако во јануари му беа забранети профилите на социјалните мрежи, пренесува Гласот на Америка.

Блогот „Од бирото на Доналд Трамп“ веќе не постои и нема да се враќа, потврди советникот на Трамп Џејсон Милер за телевизијата Си Ен Би Си.

„Едноставно беше спореден во однос на другите работи кои ги правиме“, рече Милер.

Трамп имаше милиони следбеници на социјалните мрежи. Дневно имаше и по неколку објави, ги критикуваше Демократите и Републиканците кои му се спротивставуваат и ги коментираше дневните настани.

По упатот на неговите поддржувачи во Конгресот во јануари, Твитер засекогаш му забрани да има сметка на нивната мрежа, а потоа и Фесбук го суспендираше на одредено време.

Трамп и неговите сојузници долго ги обвинуваа социјалните мрежи дека го забрануваат гласот на конзервативците и го нарече Фејсбук „национален срам“ кога бордот на компанијата одлучи да ја продолжи забраната за Трамп.