Во скопските ковид-центри нема нови хоспитализирани

Илустрација

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени осум оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ, како што посочуваат од Министерството, се лекуваат осум пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 32 пациенти.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани осум пациенти, во Штип девет, во Тетово шест, во Велес се лекуваат осум болни, а во Куманово 21 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 11 пациенти, во Прилеп шест, во Гостивар три, во Струга тројца, во Струмица шест, во Кичево двајца и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 141 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.