Сајбер напад врз најголемиот процесор за месо го наруши глобалното производство

Сајбер напад може да ги зголеми цените на месото

Компјутерски напад врз електронскиот систем на најголемата компанија за обработка на месо во светот го наруши производството низ целиот свет само неколку недели откако со сличен инцидент беше затворен важен американски нафтовод. Бразилската „JBS SA“ ги извести Соединетите држави дека барањето за плаќање на откупот со цел да се врати контролата врз сега блокираниот електронски систем е примено од криминална организација што веројатно се наоѓа во Русија - потврди главниот заменик-секретар за печат на Белата куќа Џин Пјер. Таа рече дека Белата куќа и Министерството за земјоделство се во контакт со таа компанија. „JBS SA“ е втор по големина производител на говедско, свинско и пилешко во САД. Доколку оваа огромна компанија престане да работи барем еден ден, САД ќе изгубат скоро една четвртина од капацитетот за преработка на говедско месо.

Руски хакери повторно нападнале американски владини агенции

„JBS SA“ објави дека сајбер нападот влијае врз нејзините сервери кои ја поддржуваат нејзината работа во Северна Америка и Австралија. Компанијата соопшти дека ги известила властите и ангажирала независни експерти за решавање на прашањето што е можно побрзо. Засега, работи потпирајќи се врз резервни сервери. Не е исклучено дека сегашното нарушување може дополнително да ги зголеми цените на месото, кое веќе расте во САД поради пандемијата и лошите временски услови. Министерството за земјоделство на САД објави дека очекува цените на говедското месо да пораснат за еден до два процента, живината за еден и пол процент, а свинското месо од два до три насто. ФБИ го истражува инцидентот „JBS SA“ има повеќе од 150.000 вработени ширум светот.