На денешниот донаторски самит во Женева ќе се направи обид за да се обезбедат милиони долари и вакцини против ковид-19 за посиромашните земји, а во рамките на меѓународната програма на Светската здравствена организација КОВАКС. На Светското здравствено собрание во минатиот месец, владите беа обединети во признавањето на политичката и финансиската итност за поддршка на КОВАКС со дози и долари. Сега, како што се наведува, треба итно да се обезбеди целосно финансирање на КОВАКС за вакцини неопходни за земјите со понизок приход.
Гутереш: Потребна ни е „воена економија“ во борбата против ковид-19
Се наведува дека доколку светските лидери се согласат се уште се на дофат првичните цели на КОВАКС - испорака на 2 милијарди дози вакцини ширум светот во 2021 година и 1,8 милијарди дози до 92 економии со пониски приходи до почетокот на 2022 година. Но, тоа ќе бара од владите и приватниот сектор итно да испораки на пари и вакцини во овој месец. КОВАКС, како што наведува СЗО, располага со инфраструктура за олеснување и координација на овој комплексен глобален напор.