Во ЕУ започнува вакцинирање против ковид-19 за адолесценти

Романија и Италија ќе започнат вакцинирање против ковид-19 за адолесценти, станувајќи првите земји во ЕУ што ќе го сторат тоа откако Европската комисија одобри употреба на вакцината Фајзер за деца на возраст од 12 и повеќе години. Комисијата ја одобри употребата на вакцина за адолесценти вчера, една недела откако тоа го стори и Европската агенција за лекови. Секоја од 27-те земји-членки на ЕУ сега може да одлучи дали ќе ги прошири своите кампањи за вакцинација на адолесценти.

ЕМА ја одобри вакцината на Фајзер за деца од 12 години


Другите земји во Европа се очекува да го следат примерот на Романија и Италија, иако некои првично може да продолжат да им даваат приоритет на вакцинирање на возрасни и на деца со постоечки здравствени проблеми што ги прави ранливи на вирусот. Вакцината на Фајзер веќе е одобренѝ за употреба од деца на возраст од 12 години и повеќе во САД и Канада.