Во последните 24 часа регистрирани се три нови случаи на ковид-19 од направени 1.325 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Сите нови случи се регистрирани во Скопје.
Регистрирани се 45 оздравени пациенти.
Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).
Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.