Филипче: Успешна трета трансплантација на срце во Македонија

Трета трансплантација на срце во Македонија, Скопје 30 мај 2021

Почна да чука новото срце во градите на 39-годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување, објави министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи дека дека денеска тим македонски лекари ја извршиле третата трансплантација на срце во историјата на Македонија.

Трансплантацијата ја извеле проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри.