Протест во Скопје: Слобода за Македонија, правда за уставобранителите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Повеќе илјади граѓани вечерва протестираа пред Владата и Собранието со барање за ослободување на осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017. Покрај ослободување на осудените, од говорница пред Собранието беше побарана и оставка од Владата на Зоран Заев, да не се дигитализираат учебниците, распуштање на Собранието, предвремени избори и поништување на Преспанскиот договор.