11 починати и 33 нови ковид-случаи во Македонија

Илустрација - Ковид-19 амбуланта во Скопје

Министерството за здравство (МЗ) информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а се регистрирани 33 нови случаи на ковид-19 и 11 починати.

„Новозаразените се регистрирани во Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1. Регистрирани се и 92 оздравени пациент. Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје и по едно лице од Виница, Куманово, Неготино, Струмица и Тетово. Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови“, соопшти МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија, од почетокот на епидемијата, изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти 147.473, на починати 5.398. Бројот на активни случаи изнесува 2.375.