Владата одлучува дали ќе ги олабави анти-ковид мерките

Илустрација - Полициски час како мерка против ширењето на коронавирусот, Скопје март 2021

Владата денеска, на редовната седница, ќе одлучува по препораките на Комисијата за заразни болести, а во однос на тоа дали ќе се намалат рестриктивните мерки, со оглед на намалениот интензитет на пандемијата.

Поради стабилизирање на состојбата со ковид -19, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок предложи попуштање на мерките:

Видете и ова: Свадби, прослави и без маски на отворено од 1 јуни


-Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.
-Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.
-Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.
-Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.
-Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.
-Полицискиот час останува на сила.
-Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.