ЕУ ја критикува Русија за назначување на „непожелни организации“

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Европската унија ја отфрли одлуката на руските обвинители да назначат три германски невладини групи за „непожелни организации“. Ваквиот потег ЕУ го нарече „најнов пример за непочитување на енергично граѓанско општество од страна на руските власти“.

„Одлуката на рускиот генерален обвинител на крајот им штети на интересите на рускиот народ и можностите за отворен и слободен дијалог“, изјави денеска портпаролот на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Законот кој дефинира „непосакувана организација“ е усвоен во мај 2015 година и беше дел од низата регулативи што ги наметна Кремљ и со кои беа притиснати многу непрофитни и невладини организации коишто добиле средства од странски извори - главно од Европа и САД.

Во својата изјава, портпаролот на Борел, Питер Стано, рече дека ЕУ „целосно ја поддржува клучната улога што ја играат независните невладини организации во развојот на меѓусебното разбирање преку границите и подобрувањето на односите меѓу земјите“.

„Ништо во активностите на овие невладини организации не го оправдува овој чекор“, додаде Стано. Тој ги повика руските власти да ја повлечат својата одлука и „да придонесат за унапредување на контактите меѓу луѓето во корист и на Русија и на Европската унија. ”