Три нови истраги против Алексеј Навални

Russia - Russian opposition leader Alexei Navalny is seen on a screen via a video link during a court hearing to consider an appeal on his arrest outside Moscow, Russia January 28, 2021.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска (25-ти мај) објави дека е предмет на три нови истраги, додека притисокот врз неговото движење и неговите поддржувачи расте во последните неколку недели. Навални на Инстаграм објави дека е обвинет „за проневера на сите донации“ на неговата антикорупциска организација, за „формирање група што ги поткопува правата на луѓето“ и за „навреда на судија на неодамнешното судење“.

Тој тврди дека во својата ќелија го посетил инспектор на моќниот Истражен комитет, задолжен за кривични истраги.

"Тој ми рече дека три нови случаи се испитуваат во нашата драга Русија. И 21 истражител на високо ниво се занимаваат со нив. И за секој од нив, јас сум криминалец. Мојата моќна криминална организација расте. Јас извршувам се повеќе и повеќе злосторства“, објави Навални, додавајќи дека тој е „генијалец на подземјето“.

Видете и ова: Русија носи закон со кој поддржувачите на Навални нема да учествуваат на избори

Навални, кој беше затворен во јануари по враќањето во Русија откако беше отруен, според него по наредба на Кремљ, беше осуден на две и пол години затвор за случајот измама што опозицијата ја осудува. Тој започна штрајк со глад во април поради условите во затворот.

По апсењата кои презивикаа масовни демонстрации, руските власти го зголемија притисокот врз антикорупциското движење на Навални, особено со приближувањето на парламентарните избори во септември.