Војската во Мали ги уапси претседателот и премиерот

Илустрација

Воени службеници во Мали во понеделникот ги уапсија претседателот, премиерот и министерот за одбрана на привремената влада на земјата, по реконструкцијата на владата, изјавија неколку извори за Ројтерс. Претседателот Бах Ндав, премиерот Моктар Оуан и министерот за одбрана Солејмане Дукуре беа однесени во воената база во Кати во близина на главниот град Бамако.

Мисијата на Обединетите нации во Мали повика на „итно и безусловно“ ослободување на претседателот и премиерот на земјата. Апсењата ѝ донесуваат дополнителна несигурност на оваа западноафриканска држава откако претседателот Ибрахим Бубакар Кеита беше соборен со воен удар во август. По преземањето, Ндав и Оуан имаа задача да го надгледуваат осумнаесетмесечното преминување во цивилното владеење. Но, многумина во владата и опозицијата се загрижени за одржување на војската на клучни позиции.

Апсењето на привремената влада уследи по најавата за промена на владата во која беа сменети двајца членови на воената хунта, која ја презеде власта во август.