Гутереш: Потребна ни е „воена економија“ во борбата против ковид-19

Генералниот сектретар на ОН Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека светот е во „војна “ против заедничкиот непријател ковид-19 и дека е потребно да се примени „воена логика“ за нееднаквиот пристап до средствата за борба против пандемијата. Тој објасни дека е потребна логиката и итноста на преземањето мерки како во планирање на воена економија, за да може да се зајакне капациететот на „оружјето“.

Гутереш во неговото излагање на годишното собрание на Светската здравствена организација на земјите членки во Женева, посочи дека почетокот на пандемијата во Кина во 2019 година над 3,4 милиони луѓе починале од последии од вирусот, а околу 500 милиони луѓе изгубиле работа.

„Најранливите страдаат најмногу и се плашам дека ова е далеку од готово. За жал, освен ако не дејствуваме сега, ќе се соочиме со ситуација во која богатите земји го вакцинираат мнозинството од својот народ и ги отвораат економиските пазари, додека вирусот продолжува да предизвикува длабоко страдање кружејќи со нови мутиации во најсиромашните земји“, изјави Гутереш.

СЗО ја претстави шемата за споделување на вакцините Ковакс, но тој механизам останува сериозно недоволно финансирана и се соочува со сериозен недостиг на снабдување, одложувајќи ги напорите за ширење на пандмеијата во посиромашните земји.

УНИЦЕФ бара од Г7 и ЕУ да донираат вакцини на сиромашните земји

Според последните податоци само 0,3 проценти од вкупниот број на дози на вакцини против ковид-19 се администрирани во најсиромашните земји, во кои живееат ричиси 10 проценти од вкупното глобално население.
Минатата недела Гутереш ги повика земјите членки на Г20 да формираат работна група која ќе изнајде начин за да помогнат во зајакнување на производството на вакцини и други алатки потребни за борба против епидемијата.