МОН објави повик за изработка на материјали за четврто одделение

Министерство за образование и наука.

Министерството за образование и наука (МОН) објави повик за искусни практичари за изработка на нови материјали за учење и прирачници за реализирање на настава за четврто одделение, што е дел од спроведувањето на реформата за основно образование, наведува МОН. Од институцијата сметаат дека повикот ќе го поттикне интересот за пријавување кај соодветната стручна и експертска јавност.

Како што соопшти денеска МОН, по усвојувањето на новите наставни програми за четврто одделение чија примена треба да започне со новата учебна 2021-2022 година, институцијата заедно со Бирото за развој на образованието ги продолжуваат активностите за етапна имплементација и ефектуирање на новата Концепција за основно образование „која треба значително да ги подигне стандардите за квалитет и суштински да ја промени базата на националниот образовен систем.

Од МОН наведуваат дека материјалите за учење се однесуваат на предметите Македонски јазик, Албански јазик, Турски јазик, Српски јазик, Босански јазик, Математика, Природни науки и Историја, додека прирачниците се наменети за изведување на наставата по Музичко образование, Ликовно образование, Физичко и здравствено образование и Техничко образование.

Од МОН соопштуваат дека сите содржини во материјалите за учење и во прирачниците за наставниците треба да бидат базирани на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а сите примери и активности да бидат креирани на начин и авторски јазик кој ќе биде интересен за учениците и соодветен нивната возраст.

„Истите треба да ја промовираат еднаквоста и почитувањето на различностите, инклузивноста, да ја поддржуваат мултиетничката интеграција и да придонесат секој ученик да ги постигне очекуваните резултати од учењето и да ги стекне компетенциите дефинирани во новите наставни програми за четврто одделение, наведуваат од Министерството“, наведуваат од МОН.