Времето денеска сончево и потопло

Охрид - сончево време.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови се очекува да преовладува значително потопло време, според УХМР.