Османи се надева дека протерувањето на дипломатот нема да се одрази на односите со Русија

Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се надева дека одлуката за прогласување на еден руски дипломат за персона нон грата, нема да влијае врз односите со Русија. Тој повтори дека ваквата одлуката е донесена поради однесување на дипломатот, кое е неспоиво со дипломатскиот статус и правила.

„Врз основа на сериозна истрага на случајот донесена е одлука тој да ја напушти земјата во рок од 7 дена“, додаде Османи.

Руското МНР го осуди чинот на прогласување на дипломатот во Македонија за непочелна личност и најави реципрочни мерки. Според руските власти, ова не може, а да не се одрази на меѓусебните односи.


Македонското МНР во вторникот соопшти дека, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, еден дипломат на Руската амбасада во Скопје е прогласен за непожелна личност. Нотата со која се наложува дипломатот да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена, му била предадена на рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Баздникин во МНР на 14 мај.