Гарванлиев не влезе во финалето на Евровизија

Васил Гарванлиев, македонски преставник на Евровизија

Македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев не се пласираше во финалето. Тој денеска на првата вечер од 65-тата „Евровизија“ која се оддржа во Холандија настапи под редниот број шест со песната “Here I stand”. Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија.

На денешната прва полуфинална вечер беа одбрани првите 10 финалисти, меѓу кои се Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија, Украина. Покрај македонскиот настапувач, во втората финална вечер нема да учествуват нити Словенија ни Хрватска.

Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај. Седумнаесет земји ќе учествуваат во второто полуфинале. Сан Марино, Естонија, Чешка, Грчка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, плус Франција, Шпанија и Велика Британија ќе гласаат во ова полуфинале.

Инаку, претходно, премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук ги повика сите кои живеат во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате за македонскиот претставник. Финалето за оние кои ќе поминат во двете полуфинални вечери, ќе се одржи во сабота на 22 мај.